Почетна » Нега » Лице и тело » Шминката што содржи масла е најштетна доколку заспиете со неа!

Шминката што содржи масла е најштетна доколку заспиете со неа!

Лице и тело

Модерниот трендсетерски живот остава трага ако се водите од правилото „од забава право во кревет“.

Дамите кои ја негуваат својата кожа секогаш наоѓаат време да ја отстранат шминката по вечерното излегување, додека сите други – наоѓаат изговори! Козметичарите предупредуваат дека доколку не се отстрани шминката, се спречува природната регенерација на кожата, поради што таа добива различна боја на одредени места. Пудрата е меѓу оние нешта кои длабоко продираат во кожата и ја попречуваат нејзината обнова, но експертите посочија дека најопасна од сите шминки е онаа која содржи масло. Затоа се препорачува отстранување на маскарата и сенките за очи, бидејќи е востановено дека тие се виновни за појава на митисери, како и за пренесување бактерии.

Доколку ја „малтретирате“ кожата преку ден, треба да сте свесни дека со пролонгираното користење навечер и нејзино неотстранување се изложувате на ризик од привлекување на слободни радикали од околината, што пак доведува до уништување на колагенот и создавање на брчки. Во видео прилогот на „Buzzfeed“ сето ова е нагласено, со конечна порака: отстранете ја шминката пред спиење и вашето лице ќе ви биде благодарно.