Почетна » Семејство » Бременост » Шест супер-храни за идните мајки

Шест супер-храни за идните мајки

Бременост

Свесни сте дека секогаш треба да се храните здраво, но понекогаш сакате да краднете и некоја крофна за појадок. Познато ни е чувството.

Но ако сте бремени, морате многу повеќе да мислите на храната што ја јадете зашто таа е главен извор на хранливи состојки за новиот живот што расте во вас.
Знаете дека за време на бременоста ви требаат протеини и калциум за ткивото и коските на бебето, а и дополнителна фолна киселина и железо за мозокот и крвните садови.
Еве неколку супер-храни кои морате да ги вклучите во вашата исхрана.
– Интегралниот леб и интегралните житарки имаатѕ фолна киселина и железо, како и повеќе влакна од белиот леб и оризот. Можете да ги јадете цел ден: овесен оброк за појадок, сендвич со интегрално лепче за ручек и интегрални тестенини или интегрален ориз за вечера.
– Не заобиколувајте ги и гравот, леќата и сојата во исхраната. Ставајте ги во салати и оброци со тестенини. Така ќе внесувате протеини и влакна, а тие се и добар извор на железо, фолна киселина, калциум и цинк.
– Омега 3 масните киселини се добри за мозокот и очите на бебето, а лососот е најдобриот избор. Освен тоа, тој има и протеини и витамин Б, а има малку жива во однос на другите риби. Можете да го печете, варите или да го ставите во салата.
– Јајцата се добар извор на протеини кои ги обезбедуваат потребните амино киселини за вас и за вашето бебе. Тие содржат многу витамини и минерали, меѓу кои и холинот, кој е добар за развојот на мозокот на бебето. Само погрижете се јајцата да не бидат живи или ровки, туку тврдо варени.
– Боровинките, малините и капините се одлична ужинка и добар додаток со палачинки и житарки. Тие изобилуваат со витамин Ц, калиум, фолна киселина и влакна.
– Можеби ви изгледа неверојатно, но една шолја немасен јогурт има повеќе калциум од млекото, многу протеини и нема додаток на шеќер како овошните јогурти, а вие самите можете да си го измешате со овошје или крцкави житарки за вкусен и здрав оброк.