Почетна » Џет сет » Музика » Шерцингер ја имитираше Бритни и го запали интернетот! (ВИДЕО)

Шерцингер ја имитираше Бритни и го запали интернетот! (ВИДЕО)

Музика

Во пресрет на тринаесеттата сезона на талент шоуто „Х Фактор“, членката на жирито Никол Шерцингер беше снимена како имитира други лица, вклучувајќи ја тука и некогашната поп-принцеза Бритни Спирс и начинот на кој што таа пееше кога се појави во последните години од минатиот век.

Шерцингер и самата направи завидна кариера, најпрвин како дел од групата „Пусикет долс“, а потоа влезе и во соло водите. Во трејлерот за популарното шоу таа исто така се обидува пред колегите од жирито да ја „улови“ и Шакира, Ријана и Адел.