Почетна » Нега » Природна храна » Семки од тиква за физичко и ментално здравје

Семки од тиква за физичко и ментално здравје

Природна храна

Семките од тиква во медицината се користат веќе илјада години. Тие се богат извор на магнезиум, калциум, калиум, железо, цинк.

Семките  се одличен здрав избор за грицкање бидејќи се богати со омега 3 масните киселини кои се неопходни за одржување на здраво срце и регулирање на крвниот притисок. Ви ги откриваме неверојатните предности при нивно конзумирање.

Според шпанските научници семките успешно помагаат во борбата против ракот. Всушност делуваат на повеќе видови на рак, а имаат антивоспалувачко дејство. Германски научници пак докажале дека дури 23% од жените кои влегувале во менопауза со помош насемките од тиква го намалиле ризикот од заболување од рак на градите.

Семките помагаат и во лечењето на зголемената простата односно хиперплазија. Тие содржат фитохемикалии и антиоксиданси кои го намалуваат нивото на слободни радикали во телото и го спречуваат настанувањето на канцерогени ткива. Исто така семките ги ублажуваат симптомите на менопауза, го намалуваат холестеролот, штитат од дијабетис. Тие се и добар извор на протеини и растителни влакна кои се основни состојки при слабеењето. Само 30 грама семки имаат 5грама протеини, така што подолго време би биле сити. Доколку имате проблеми со расположението, треба да конзумирата повеќе семки од тиква. Тие се одлични како и за физичкото така и за менталното здравје. Според истражувањата се докажало дека имаат одличен ефект против депресија како и во намалување на нервозата и стресот.