Почетна » Љубов » Секс » Сексот како еликсир за здравје и убавина

Сексот како еликсир за здравје и убавина

Секс

Сексот не се практикува само за задоволство, продолжување на видот и забава, тој е подеднакво важен и за нашиот здрав животен стил.

Еве ви седум причини (и оправдувања:) за да имате секс за здравје:

Намалување на болка. Оргазмот ја менува состојбата на вашиот ум од болка на задоволство. Исто така, стегањето и олабавувањето на мускулите може веднаш да ги намали грчевите и болката.

Подобрување на расположението. Да не сте тажни? Оргазмот ги зголемува нивоата на естроген и ендорфин, кои ве прават посреќни и позадоволни.

Зголемена емотивна поврзаност. Уште еден хормон стапува на сцена, окситоцинот, кој честопати се нарекува „природен агенс на врзување“, кој се зголемува до пет пати за време на оргазмот.

Подобар сон. Да се свртиш настрана и да заспиеш по добар секс е вистински дар од природата. Според истражувањата, имате 15-20 минути време за гушкање пред да се активира окситоцинот.

Намален стрес. Неуротрансмитерот допамин, кој се ослободува за време на сексуалната возбуда предизвикува состојба на опуштање која се интензивира при оргазам.

Физичко разубавување. И кај мажите и кај жените е забележано дека изгледаат помлади и поздрави по оргазам. Сексот и оргазмот влијаат подобро и од најдобрите спа третмани. А уште поубаво, беспатни се!

Подобрен имунитет. Сексот го зајакнува имуниот систем и така сте поздрави. А и чувството е супер.