Почетна » Џет сет » Филм ТВ » „Сексот и градот“ повторно на големото платно

„Сексот и градот“ повторно на големото платно

Филм ТВ

Ако сте од оние на кои им недостасуваат четирите пријателки од градот кој никогаш не спие, имаме радосна вест за вас на крајот од годинава – сите знаци укажуваат на тоа дека ќе има и трето филмско продолжение на „Сексот и градот“.

Откако беше објавен вториот дел во 2010 година се зборуваше за трето продолжение, но сега кога тој е речиси сигурен, една од неговите главни протагонистки Сара Џесика Паркер изразува загриженост како ќе бидат претставени Кери, Миранда, Саманта и Шарлот сега кога се веќе во средни години. Најмладата членка на квартетот Синтија Никсон има 50, а најстарата – Ким Катрал, има 60 години. Сепак, според американскиот сајт „Радар“ сите четири актерки веќе потпишале договор за учество во третото продолжение и го одобриле сценариото, а се очекува снимањето да почне идното лето.