Почетна » Љубов » Искуства и совети » Секогаш вљубени и среќни

Секогаш вљубени и среќни

Искуства и совети

Создавање на прекрасни магични моменти во врска е нешто за кое сите размислуваат, но ретко кој ги прави. Можеби поради тоа што не знаат како да направат партнерот да се чувствува убаво. Еве неколку совети со кои ќе ја одржувате романсата во врската.

Внимавајте, не правете ги сите работи во еден викенд, месец или слично. Постојаното одржувајте ја романсата.

Вашето заедничко време наутро нека биде посебно. Додека вашиот партнер спие вие изненадете го со каде или појадок во кревет.

На крајот на денот првите десет секунди посветете ги на прегратка и бакнеж. Исто така не заборавајте да покажувате нежности кон партнерот во текот на денот.

Направете план за да видете заедно. Испланирајте романтичен состанок во текот на неделата.

Кога ќе бидете во можност на партнерот посветете му 100 % од вашето внимание. Прашајте го за што сака да разговарате и ислушајте го.

Сетете се да му кажете на партнерот дека изгледа прекрасно и секси. На тој начин ќе се чувствува посебно.

Наутро, пред да тргнете на работа, не заборавајте да му кажете на партнерот дека едвај чекате да се видите попладне. Не излегувајте од домот без да му кажете „те сакам“.

Следниот пат кога ќе одите во шопинг, изненадете го партнерот со некоја ситница. Кога ќе биде нерасположен изненадете го со мал подарок.

Ако вашиот партнер имал тежок ден на работа, предложете му да излезете или подгответе му убава вечера.

Бидете спонтани. Во последен момент резервирајте романтичен викенд и изненадете го саканиот.