Почетна » Нега » Природна храна » Седум придобивки за здравјето од краставицата

Седум придобивки за здравјето од краставицата

Природна храна

Во светот, краставицата е најодгледуван зеленчук, а во исто време е една од најдобрите природни храни за одржување на доброто здравје кај човекот.

  1. Добра е за зглобовите и мускулното ткиво – Таа ги намалува болките кај луѓето кои страдаат од одреден вид артритис, го засилува сврзното ткиво и го намалува воспалението кое се чувствува во коските.
  2. Помага во намалување на тежината – Затоа што има малку калории и многу вода, таа е идеална за луѓето кои држат диета. Заради високиот процент на вода и растрворливи влакна, таа му помага на телото да се ослободи од токсините во системот за варење, а се смета дека секојдневното конзумирање краставица го лекува хроничниот запек.
  3. Помага за надминување на мамурлукот – За да го избегнете утринскиот мамурлук или главоболка, изедете неколку парчиња краставица пред да си легнете. Таа содржи доволно витамин Б и електролити за да ги надомести многуте есенцијални витамини и минерали, чиј недостиг е причина за мамурлук и главоболка.
  4. Добра е за превенција на рак – Во една Корејска студија е утврдено дека жените кај кои се појавил рак на градите јаделе многу помалку краставица и друг зеленчук.
  5. Одлична е за кожата и косата – Општо се познати нејзините чудесни дејства на кожата. Ако не сакате да ја јадете лушпата, ставете ја на лицето, таа ја навлажнува кожата и ги смирува воспалителните процеси, како алоето. Силиконот и сулфурот во краставицата, пак, го помагаат растот на косата.
  6. Ја намалува хипертензијата – Заради големото количество вода, краставицата е одлична за намалување на крвниот притисок, па тие имаат ваков проблем можат да си направат здрав пијалак од краставица во блендер.
  7. Ве ослободува од лошиот здив – Ако земете парче краставица и со јазикот го притиснете на сводот од устата 30-тина секунди, фитохемикалиите ќе ги уништат бактериите во вашата уста кои се одговорни за непријатниот здив.