Почетна » Нега » Здравје » Седум причини зошто е добро да се јаде чоколадо

Седум причини зошто е добро да се јаде чоколадо

Здравје

Можеме слободно да уживаме во ова слатко задоволство – науката потврди дека има бројни придобивки од конзумирањето чоколадо.

Истражувачите на универзитетот Харвард утврдиле дека луѓето кои јадат умерени количества чоколадо живеат подолго од тие што воопшто не го конзумираат. Ова е заради тоа што какаото содржи антиоксиданти наречени полифеноли, кои ги има и во црвеното вино и ја спречуваат оксидацијата на штетниот холестерол. Антиоксидантите исто така штитат и од рак.

Чоколадото штити и од стрес, затоа што содржи пентанска киселина, која опушта и смирува. Исто и шеќерот во чоколадото има смирувачки ефект и ја намалува болката кај бебињата и животните затоа што слатките вкусови ги активираат опојните супстанции во мозокот.

Чоколадото прави да се чувствуваме подобро, за што има научна причина. Мирисот од чоколадото ги успорува мозочните бранови од бета на алфа бранови, заради што се јавува пријатно чувство на мир. Исто така, затоа што јадењето чоколада ни е пријатно, ослободуваме ендорфин во мозокот, кој се излачува и за време на секс, и тој хормон дејствува на намалување на болката и зголемување на задоволството.

Не е научно докажано дека јадењето чоколадо создава акни кај тинејџерите. Од универзитетот Мисури, научниците намерно им давале чоколадо на ученици склони кон акни, и ја надгледувале нивната кожа, и забележале дека чоколадото не предизвикува таков ефект.

Нутриционистите потврдуваат дека чоколадото не дебелее само по себе, односно дека ако не јадете повеќе калории отколку што можете да согорите, нема ни да се здебелите.

Чоколадото може да ја зголеми концентрацијата, особено, на пример, попладне, кога шеќерот во крвта се намалува. Тоа има низок гликемиски индекс, што значи дека ви дава долготрајна енергија затоа што не го подига премногу брзо шеќерот во крвта.

Чоколадото може да ве направи побудни, зашто содржи стимулант наречен теобромин, супстанција слична на кафето која ве „размрдува“, а ги нема лошите ефекти од кофеинот, кој во кафето го има 85 пати повеќе отколку во чоколадото.