Почетна » Нега » Здравје » Седум чекори со кои можетe да спречите срцев удар

Седум чекори со кои можетe да спречите срцев удар

Здравје

Срцевите заболувања се на врвот од листата на болести кои убиваат и меѓу машката и меѓу женската популација, но бидете сигурни дека тие можат да се спречат. Еве неколку докажани начини како да тргнете по патот кон поздраво срце.

Одгледувајте (и јадете) билки кои се здрави за срцето

Некои од нив, како босилекот и ориганото имаат својства кои се борат против срцевите воспаленија. Да не спомнуваме колку добро ќе ви дојде и работата во градината, зашто неодамнешна студија покажала дека умерена дневна активност како градинарството го намалува ризикот од срцев удар.

thyme

Додадете ореви на јадењето

Истражувањето покажува дека околу 3 лажици ореви во дневниот оброк помага за намалување на лошиот холестерот и воспалението на артериите. Со мелени потпечени ореви можете да го зачините секое месо, па дури и риба.

Тренирајте смиреност

Експертите откриле дека избувнувањата го покачуваат крвниот притисок и пулсот, а со тоа ја зголемуваат можноста за срцев напад. Ако често ви се случува да изгубите контрола, направете брза медитација: Одете во другата соба, затворете ги очите и дишете длабоко 1 минута.

Запишете се за трка на 5 километри

Новите истражувања откриваат дека тренирањето до потење може да биде подеднакво ефикасно во спречувањето на повторливи срцеви напади. Затоа запишете се во некој клуб за трчање, и поставете си за цел некоја трка за која би тренирале неколку месеци. А зошто да не и за маратон 🙂

marathonpic

Пијте вода со јагоди или боровинки

Високите температури го дехидрираат телото, што претставува стрес за срцето, зашто треба понапорно да работи за да пумпа крв. Една студија покажала дека боровинките и јагодите го подобруваат протокот на крвта и се борат против формирањето наслаги, што ја намалува можноста за срцев напад.

Ослабете неколку килограми

Експертите обично препорачуваат да ослабете 10 % за да си го пдобрите кардиоваскуларното здравје, но новите препораки од Американското здружение за срце велат дека се гледаат резултати и само по губење 3% од вашата тежина, значи, ако тежите 70 килограми, тоа се само 2 килограми.

Обмислете го својот ручек

Само еден сендвич може да има дури 46% од дневното внесување натриум, се вели во Журналот на академијата за исхрана и диететика. Исхраната со високо ниво на натриум може да го зголеми крвниот притисок, а со тоа и ризикот за срцев напад.

Strawvocado-Sandwich

Еве што да направите ако сакате без грижа на совест да уживате во вашиот омилен сендвич. Ако си правите дома, гледајте продуктите (леб, кашкавал, сувомеснати производи) да бидат со ниско ниво на натриум, и не употребувајте солени додатоци како корнишони или слични конзервирани зеленчуци.

Ако купувате сендвич, барајте да ви го дадат отворен, за да можете сами да си ставате додатоци кои не се толку солени, или поделете го со пријател, за да го преполовите внесувањето натриум.

Во секој случај, ако се грижите за себе, послушајте ги овие совети кои ќе бидат ваше вложување во поздрав и подолговечен живот.