Почетна » Џет сет » Филм ТВ » Се што не сте знаеле за Моника Белучи

Се што не сте знаеле за Моника Белучи

Филм ТВ

Италијанската филмска дива со безвременска убавина, чие последно појавување на филмското платно во новиот филм за Џемс Бонд не престанува да воодушевува и окако влезе во шестата деценија од животот. Многу се пишуваше за тоа дека со полни 50 години, таа е највозрасната жена што се појавила како Бонд девојка. Но еве нешто што можеби не сте го знаеле за неа.

Моника изјави дека да бидеш сам, не значи да си осамен и дека таа се чувстува слободно и многу живо, зашто има две ќерки кои и го исполнуваат животот со радост.

За родителството вели дека и е мило што чекала до 39 години за да има деца, зашто во 20-тите и 30-тите години се уште не знаела за одговорност, можеби затоа што е единица.

Таа не е поборник на пластичните операции и ботоксот и не се плаши од стареењето, од менопаузата, затоа што тие се природни работи во животот.

MonicaYoung

Инаку, оваа италијанска сирена ја започна својата кариера пред камерите уште на 13 години.  Се запишала и на правен факултет, зашто сакала да биде адвокат, но морала да работи за да се издржува, па сепак продолжила со манекенството.

Инаку, Моника зборува течно англиски, шпански и француски, и покрај станот во Париз, има куќи во Италија, Англија и Бразил.

Ќерките Дева и Леони и се од вториот брак со францускиот актер Винсент Касел, а кога беше трудна во 2005 се сликаше за насловната страница на „Vanity Fair“.

Monica-Bellucci-Vincent-Cassel

Пред американската публика првпат се појави во филмот „Дракула на Брам Стокер“ во 1992 година, а меѓу најпознатите улоги и се во филмовите „Малена“, „Последното искушение на Исус“, двете продолженија на „Матрикс“.

Многу познати списанија, меѓу кои и машкиот магазин „Men’s Health“ ја прогласија за една од најубавите жени на сите времиња. Во 2012 година Моника стана новото лице на „Dolce & Gabana“.

monica-belluci-1