Почетна » Семејство » Дом » Се продава луксузниот дом на Џеки Колинс

Се продава луксузниот дом на Џеки Колинс

Дом

Кога овие ѕидови би можеле да зборуваат, сигурно би раскажале многу интересни приказни.

Лондонскиот дом на познатата писателка и сестра на актерката Џоан Колинс, која почина од рак во септември годинава, се продава за 11,5 милиони фунти.

JackieCollinsDvor

Во оваа куќа, Џоан живеела со својот сопруг Оскар Лерман, сопственик на ноќен клуб и тие биле во центарот на општествената сцена на крајот од седумдесеттите и почетокот од осумдесеттите години. Ѕвезди како Мајкл Кејн, Шон Конери, Дадли Мур и Роџер Мур биле лични пријатели на авторката, така што куќата била домаќин на многу познати гости.

Особено впечатлива е стаклената трпезарија со бели украсни столбови, која била додадена во времето на Џеки. Писателката во 1982 година ја продала куќата и се преселила во Лос Анџелес, каде почнала да го пишува својот хит роман „Холивудски сопруги“.

JackieCollinsTrpezarija