Почетна » Рецепти » Салати » Салата со сурими и моркови

Салата со сурими и моркови

Салати

Ако мислевте дека овие симпатични розеви стапчиња со бела внатрешност се морски плодови, сте се излажале.

Сурими на јапонски значи „мелено месо“, а се прави од мелена бела риба (на пример, ослич) во секакви облици кои ги имитираат формата и бојата на вистинските јастози, ракчиња и школки.  Еве една вкусна и свежа варијанта на салата со нив.

Потребни состојки:

200 грама сурими стапчиња

2 свежи моркови

100 грама фета сирење

сок од еден лимон

2 лажици маслиново масло

сол и црн пипер

Изрендајте ги морковите и измешајте ги со фета сирењето кое сте го исецкале на мали коцки. Додајте маслиново масло и сокот од лимон, па зачинете со сол и мелен црн пипер, по вкус. Сите состојки добро измешајте ги и поставете ги на чинија за сервирање, па додајте ги сурими стапчињата. Декорирајте со лимон.