Почетна » Рецепти » Салати » Салата со макарони и туна

Салата со макарони и туна

Салати

Најлесната салата со макарони и туна, вкусен додаток на секоја трпеза. Пробајте.

Потребни состојки:

400 гр макарони

1 тегла маринирани шампињони

200 – 300 гр мајонез

1 конзерва туна

сол

Начин на приготвување:

Сварете ги макароните во солена вода, исцедете ги и исплакнете ги со ладна вода. Шампињоните исецкајте ги на парчиња, а туната исцедете ја од непотребното масло. Промешајте ги сите состојки со макароните, додадете го мајонезот и посолете по вкус.