Почетна » Рецепти » Салати » Салата Капрезе за инспирација во текот на денот

Салата Капрезе за инспирација во текот на денот

Салати

Капрезе салатата е едноставна салата која се прави со свеж домат, моцарела и босилек. Убава е за промена, а аромите кои ги нуди свежиот босилек ќе ви дадат потик и инспирација во текот на денот.

Состојки:

1 голем зрел домат

1 топче свежа моцарела

1 рака листови од босилек

сол

црн пипер

маслиново масло

балсамова киселина

Подготовка:

Исецкајте го доматот на тенки парчиња или кругови. Исто така и моцарелата. Убаво аранжирајте ја чинијата со домат и моцарела. Додадете ги листовите босилек. Зачинете со маслиновото масло и додадете го црниот пипер и солта.

Можете и да додадете една или две капки балсамирана киселина. Количината е наменета за една личност, а доколку не ви се допаѓа киселината можете да ја изоставите. Италијанците најчесто ја додаваат ваквата киселина во оваа салата, сепак за оригиналниот рецепт најдобро е една или две капки.