Почетна » Сештоманија » Шопинг » Руски супермаркет ги изненади купувачите со смислено шоу (ВИДЕО)

Руски супермаркет ги изненади купувачите со смислено шоу (ВИДЕО)

Шопинг

Интернет ерата ни донесе многу видеа од ситуации кои дефинитивно се неочекувани на одредени локации, па и во овој случај станува збор за нешто слично: изведба на познатата руска песна „Калинка“ во супермаркет, на задоволство на купувачите кои се затекнати.

Настанот е изведен во „флеш моб“ стил, при што актерите кои ја започнуваат приказната се момче и девојка, а постепено се вклучуваат вработените, од оние задолжени на тезгата за зарзават, до обезбедувањето и хаусмајсторот. Нам ни се допадна, иако можеби потсетува како новогодишен спот за некоја фирма од дамнешни времиња, но од аспект на освежување на искуствата на купувачите и градење поинаков имиџ, дефинитивно е добитна „пи-ар“ стратегија.