Почетна » Дива » Актуелно » „Руска бајка“ во МОБ

„Руска бајка“ во МОБ

Актуелно

Украинскиот сопран Тамара Калинкина, баритонот Борис Трајанов и тенорот Дарко Нешовски на 01 јануари 2017, ќе настапат како солисти на концертот „Руска бајка“, заедно со Балетот и Оркестарот на Македонската опера и балет.

Како што кажува и самото име, овој пат Македонската опера и балет во новиот Салон на МОБ во 20:00, во режија на Трајко Јордановски, ќе ја пренесе и слави убавината на  руската музика. Со гала оперско-балетскиот концерт ќе предводи извонредниот диригент Иван Еминовиќ.

На програмата се дела од Корсаков, Чајковски, Шостакович…, композитори кои својата инспирација ја црпеле од рускиот фолклор и традиција, а чии дела се вбројуваат во најдобрите од руската оперска, балетска и симфониска литература.

Цената на билетите, во зависност од местото на седење е 1200 и 1500 денари, а ќе се продаваат на билетарата на МОБ до самиот ден на настанот.