Почетна » Сештоманија » Феномени » Русите се подготвуваат да испратат мајмун на Марс

Русите се подготвуваат да испратат мајмун на Марс

Феномени

Мајмуните се покажаа како многу важни во истражувањето на вселената за луѓето. Кога сакавме да одиме на месечината, мајмуните ни помогнаа да ги разбереме условите со кои би се соочиле луѓето на патот кон месечината. Овој проект, кој започна минатата година, се очекува да заврши во 2017.

Исто како и претходниот пат, Русите сега тренираат четири мајмуни во обид да ги испратат на Марс наредната година. Целта е на тој начин да се добијат доволно информации за тоа како да се подготват луѓето за патувањето на Марс.

Мајмуните се обучуваат да решаваат математички проблеми и сложувалки, а ќе бидат тренирани и да користат џојстик, за што треба да бидат навистина посебни. Мајмуните се одгледуваат на специјални фарми, а потоа се одбираат најинтелигентните за да учествуваат во истражувањето. Селектирани се четири од видот макаки-резус за кои лидерот на проектот д-р Инеса Козловскаја се надева дека до 2017 ќе научат да изведуваат многу задачи, па дури и да им ги покажат тие задачи на други мајмуни, кои би му се приклучиле на постоечкиот тим. Ќе биде интересно да видиме каков начин ќе смислат за да го постигнат тоа.