Почетна » Џет сет » Музика » Ријана за најновото продолжение на Стар Трек (видео)

Ријана за најновото продолжение на Стар Трек (видео)

Музика

Во последниот трејлер за Star Trek Beyond, чија премиера е закажана за 22-ри овој месец се појави и најновиот хит на Ријана, „Sledgehammer“, кој ќе се најде и на саундтракот за филмот.

Инаку, третиот дел од култната франшиза овојпат е во режија на Џастин Лин, а покрај стандардната актерска екипа од двата претходни дела, за прв пат ќе ги видиме и одличните Идриз Елба, Софија Боутела, Лидија Вилсон и Шорех Агданшло.

<iframe width=”560″ height=”315″ src=”https://www.youtube.com/embed/BXhIT4MpRis” frameborder=”0″ allowfullscreen></iframe>