Почетна » Џет сет » Ѕвезди » Ријана лансираше сопствена модна колекција

Ријана лансираше сопствена модна колекција

ЅвездиМода

Познатата пејачка Ријана дебитираше како моден креатор со колекција наречена „Фенти“ реализирана од компанијата Пума, која беше презентирана на Модната недела во Њујорк.

Ријана е позната како бренд-амбасадор на Пума, а во најавата за шоуто глобалниот маркетинг директор на компанијата, Адам Питрик, посочил дека таа има доза на бунтовност во себе и дека ги поместува границите. Од друга страна, тој искажа пофални зборови за нејзините работни навики и рече дека била инспирација за компанијата како перфектен амбасадор.

– Да се биде во можност да се изразиш себе си на креативен начин е нешто посебно, а цело време имав чувство дека ја правам вистинската работа, дека сум на вистинското место каде што можам да ги покажам моите трудови. Бев возбудена од предизвикот,- вели Ријана, додавајќи дека ова е нешто многу поразлично од она што компанијата досега го правела, но дека сепак има „спортска нота“.

Иако може да се прочита дека инспирацијата што Ријана ја посочува за оваа колекција доаѓа од Јапонија, нема типични креации од Далечниот Исток, а моделите се унифицирано нашминкани во готски стил. Колекцијата го форсира контрастот црно и бело, но користена е и сивата боја.

Меѓу гостите на нејзината промоција биле манекенката Наоми Кемпбел и актерот Крис Рок.