Почетна » Дива » Кариера » Резултати од АВРМ: Кои професии се најбарани во Македонија?

Резултати од АВРМ: Кои професии се најбарани во Македонија?

Кариера

Секое вработување во Македонија се пријавува во Агенцијата за вработување, од каде што пак ги евидентираат барањата на фирмите и ги нотираат вработените по основа на дадените пријави за потреба од работник (ППР).

Според објавите во медиумите, од АВРМ најчесто бараат професионалци од информатичките технологии, како и инженери и кадри од техничко-технолошките струки, кои веќе подолг период се на цена на пазарот на труд, а постојат сериозни причини овие професии и понатаму ќе бидат најбарани. Поконкретно, во иднина сè почесто ќе се бараат професиите програмер, информатичар, градежен инженер, архитект, проектант, машински инженер, инженер технолог, фармацевтски технолог и електроинженер.

Иако постојат и голем број невработени со правен факултет, флуктуацијата на работниците од оваа бранша покажува дека за оние кои сакаат да најдат работа има простор и во сегашните услови.

На листата на најбарани занимања се и оние од другите гранки каде што не се бара високо образование: магационери, келнери, шивачи на текстил и продавачи. Натаму следуваат комерцијалистите, градежните техничари, операторите на медицинска опрема, браварите, столарите, заварувачите, армирачите, лимарите, градежните работници.

Ова не треба да ве спречува да имате соништа за Вашата кариера: можеби ќе се пронајдете себе си во друга професија која можеби е тесно поврзана со претходната (пример комерцијалисти наспроти дистрибутери), или пак ќе посакате да посетувате курсеви за стекнување дополнителни знаења и вештини.