Почетна » Нега » Коса » Решение за брзо средена коса

Решение за брзо средена коса

Коса

Растурената пунџа може да се издвои од листата на фризури кои претставуваат решение во оние моменти кога е потребно брзо средување на косата.

За оваа фризура може да се определите во секојдневни прилики, особено во ситуација кога немате доволно време да и се посветите на вашата коса. Потребно е само мало ластиче со кое ќе ја соберете косата и ќе направите неуреден круг околу истото.

Ваквата „растурената пунџа“ е уште една причина да не морате да се грижите дали вашата коса ќе биде мазна и рамномерно фатена од сите страни. Всушност, колку е порастурена толку подобро ќе го добиете ефектот на оваа фризура. Едноставно, соберете ја косата на овој начин и уживајте во долга дневна прошетка.