Почетна » Рецепти » Бели печива » Рецепт за домашни брускети со моцарела

Рецепт за домашни брускети со моцарела

Бели печива

За вечера или вкусно мезе, наместо да купувате разни готови грицки, пробајте ја оваа ароматична закуска, која неодоливо потсетува на италијанските јадења заради магичните медитерански состојки, маслиново масло, моцарела, домат, босилек и пармезан.

Состојки:

1 француски багет

2 домати

неколку листа свеж босилек

200 грама моцарела

50 грама пармезан

сол, оригано, маслиново масло

бибер и оцет балсамико по желба.

Загрејте ја рерната на 250 степени. Францускиот леб исечете го накосо на парчиња со дебелина од еден прст. Намачкајте ги со маслиново масло и ставете ги во рерна на 2-3 минути додека се вцрват. Потоа свртете ги и од другата страна 2-3 минути, и внимавајте да не изгорат.

Во подлабок сад исечкајте ги на коцки доматите, моцарелата, па додајте ги ситно исецканиот босилек и лукот. Ставете сол, бибер, маслиново масло, малку оригано и малку балсамико. На крај сите состојки убаво измешајте ги.

На секое парче леб ставете од смесата, одгоре посипете малку рендан пармезан и вратете ги во рерна уште 2 минути додека моцарелата не почне да се топи.

Брускетите сервирајте ги топли и уживајте.