Почетна » Сештоманија » Телоговор » Ранобудноста е запишана во гените, подобро е кога ја имате!

Ранобудноста е запишана во гените, подобро е кога ја имате!

Телоговор

Научниците долго време имаа сознанија дека сите живи суштества – од плантконите до луѓето – имаат внатрешен биолошки часовник кој е наместен на 24 часовен циклус. Со тој таканаречен циркадијален ритам, претставниците од одреден вид, меѓу кои и луѓето, имаат природна склоност кон денот или ноќта.

Истражувачкиот тим предводен од Дејвид Гиндс од биотехнолошката компанија „23andMe“ ги испитувал геномите на 89.283 луѓе за да дојде до одговор. Потоа тимот ги споредил наодите со одговорите на веб-анкетата во која истите тие луѓе требало да одговорат дали повеќе ги сакаат утрата или ноќите.

Во студијата, објавена од „Nature Communications“, лицата кои стануваат рано, многу помалку страдаат од несоница и не им требаат повеќе од осум часа ноќен сон. Тие исто така се помалку склони кон депресија, за разлика од 56% од анкетирани кои се опишале себеси како ноќни птици.

Истражувачите исто така откриле дека ако се земе предвид возраста и полот, ранобудите лица е поверојатно да имаат понизок и со тоа поздрав индекс на телесна маса (BMI), кој претставува однос меѓу висината и тежината.