Почетна » Нега » Фитнес » Рамниот стомак е сон што може да се исполни!

Рамниот стомак е сон што може да се исполни!

Фитнес

Од сите лоши диети кои сте ги пробале, сигурно сте заклучиле дека за да имате рамен стомак не треба да јадете ништо? Не е точно!

Здравиот начин на исхрана е секогаш подобар од изгладнувањето и ослабувањето на организмот. Разлика може да направи колку калории трошите при вежбање и која храна ја внесувате, бидејќи само така може да се стигне до посакуваниот рамен стомак. Подгответе си сами режим во траење од најмалку еден месец, чиј интензитет ќе одговара на вашиот живот и можностите, а потоа дозволете им на резултатите да ве стимулираат да продолжите по зацртаниот пат.

Нутриционистите препорачуваат на вашата трпеза да има место за следниве намирници:

Пијалоци: Покрај задолжителните 2 литра вода дневно, можете да пиете свежо цедени сокови без шеќер (портокал, цитрон, лимон)

Ужина: Овесни житарки (може и со јогурт), јаткасти плодови, свежо овошје, салати

Месо: Пилешко, мисиркино, риба и морски плодови (со додаток на свеж зеленчук)

Главни оброци: Кога јадете месо, практикувајте само свежи салати, а кога немате место на трпезата уживајте во варива (грав, жолта боранија) или зеленчук подготвен на пареа (брокула, карфиол, печурки).

Десерт: најдобро е да го избегнете, но понекогаш почестете се со црно чоколадо или суво овошје.

Треба да избегнувате:

– Грицки, бел леб, тестенини (особено оние кои не се интегрални), бел ориз

– Сувомеснати и други конзервирани производи

– Секаков вид на производи кои содржат шеќер (особено газирани пијалоци)