Почетна » Рецепти » Зимница » Ракија со калинка

Ракија со калинка

Зимница

Сте пробале вишновка и ораховка, значи сега треба да пробате и ракија со чудесната калинка според приморски рецепт.

Калинката е позната по своите лековити дејства, па така на Истра оваа ракија ја препорачуваат и како помош при менструални и климактерични проблеми.
Потребни состојки:
5 калинки
1 литар ракија
1 лажица мед
Исчистете ги калинките. Ситните плодови прелијте ги со 1 литар ракија и додајте лажица мед. Оставете да отстои 3 недели на темно место. Потоа исцедете ја и чувајте ја на темно и студено место, додека не посакате да ја пробате 🙂