Почетна » Сештоманија » Телоговор » Работењето пред 10 часот наутро е тортура, велат научниците

Работењето пред 10 часот наутро е тортура, велат научниците

Телоговор

Д-р Пол Кели, истражувач од Универзитетот Оксфорд, научно го потврди фактот кој досега го има заклучено секој работник на планетава, дека е без врска да се работи пред 10 часот наутро.

„Пред 55-годишна возраст, деноноќниот циклус на возрасните е сосема несинхронизиран со нормалните работни часови од 9 до 5 попладне, што претставува сериозна закана за учинокот на работното место, расположението и менталното здравје“, вели д-р Кели. Според него, треба да има глобална промена во начинот на кој работиме, затоа што цело општество страда од недостаток на сон. Тоа сериозно го оштетува нашиот систем, затоа што ритамот на нашето тело е поврзано со земјата и сонцето, па неговото нарушување влијае и на физичките и на емотивните аспекти, како и на нашите перформанси. Кога работното време би почнувало подоцна, тоа би влијаело на цело општество, и на болниците и на затворите, каде што, на пример, луѓето се будат наутро за да им се даде храна кога нивното тело не ја сака. Според д-р Кели, лишувањето од сон е вистинска тортура.

Други студии покажале дека истото важи и за училишниот ден на децата, па тие се мачат да се концентрираат на училиште пред 8:30 часот наутро, додека најдобрите образовни резултати всушност се случуваат околу 11 часот наутро.

Според д-р Кели, ако пак децата се образуваат попладне, наместо наутро, би имало во просек 10 насто поголеми оценки.