Почетна » Марс » Подароци за него » Првиот „смартфон“ кој може да се мие (видео)

Првиот „смартфон“ кој може да се мие (видео)

Подароци за него

Се вика „Digno Rafre“ и тој е новиот „смартфон“ на јапонската компанија „Kyocera“, прв во светот кој може да се мие со сапун и вода без ризик да ги оштетите неговите внатрешни компоненти. Уредот има специфични карактеристики, на пример, нема звучник, а мониторот на допир идентификува команди и под вода, што го прави сосема водоотпорен.

Наместо обични звучници, овој телефон има паметен звучен приемник кој го пренесува звукот директно на мониторот. „Kyocera“ го препорачува како идеален телефон за секого и во секакви услови, зашто кога ќе се извалка, може да се измие под млаз вода со сапун за раце. Исто така, телефонот има и систем за поправање на штетата предизвикана од гребење на дисплејот.

smartfon

„Смартфонот“ на „Kyocera“ работи на Android 5.1 (Lollipop) со процесор Snapdragon 410, со ХД екран од 5 инчи. Има вградена водоотпорна камера од 13 МП, 2 гигабајти РАМ, 2 МП предна камера и е дебел само 1,1 сантиметар. Ете ви идеја за подарок за Денот на вљубените 🙂