Почетна » Дива » Мода » Првата седокоса госпоѓа на насловните страници

Првата седокоса госпоѓа на насловните страници

Мода

Сведоци сме на менување на свеста во врска со тоа како треба да изгледа една манекенка, па откако на пистата се појавија и покрупни манекенки, таканаречени „plus size“ модели, сега им дојде ред и на повозрасните жени.

Познатото списание „Sports Illustrated“ чии насловни страни ги краселе манекенки како Ирина Шајк и Кејт Аптон, во своето февруарско издание претставува една поинаква кампања. За потребите на производителот на костими за капење „Swimsuits for all“ (Костими за сите, името кажува се 🙂 ангажирани се две „ххл“ манекенки и 56-годишната Никола Грифин од Нотингем, мајка на две деца – која досега немала облечено бикини.

nicola

Интересно за Никола е тоа што со манекенство почнала да се занимава пред 3 години, кога за првпат ја ангажирале да биде заштитно лице на производи за побелена коса, па оттогаш настапува и во ТВ реклами за неколку производи за убавина.

Што вели Ники за своето тело: „Имам тркалезно меше откако ги родив близнаците, јас сум таква каква што сум, и тоа е сосема во ред.“

Познатите брендови веќе се освестуваат дека вниманието на потрошувачите природно ќе го привлечат ако користат жени со слична возраст на купувачите на нивните производи, односно возрасни личности со своја животна приказна.

Грифин вели дека е горда што е најстарата жена која ги красела страниците на овој магазин, но со право додава: „стара за мене значи кога имаш 100 години“. Нејзината менаџерка од модната компанија „Милк“ пак, за Ники вели: „Ники е инспирација за жените и мажите од сите возрасти, таа го хуманизира нашето општество и сега стана глобална икона.“

nicola12