Почетна » Сештоманија » Шопинг » Прв универзален магнетен полнач за сите смартфони

Прв универзален магнетен полнач за сите смартфони

Шопинг

Откако постојат мобилните телефони, постои и проблемот на расипани или прекратки кабли за полнење. Но сега можете да ги фрлите сите кабли и едноставно да го полните вашиот андроид или iOS уред со оваа магнетна направа, наречена Drop Dock.

Drop Dock функционира на следниот начин: ставате мал конектор во вашиот телефон кој потоа ќе ви овозможи едноставно да го ставите телефонот на станицата и тој веднаш ќе почне да се полни. Најдобриот дел е што работи со сите смартфони, и со андроид и со iOS, значи не морате да купувате два различни производи.

chargin-connectors-

Самиот производ е направен од цврст алуминиум, а цената му е конкурентна ако се земе предвид квалитетот на изработката. Кампањата за продажба е во тек и можете да си го нарачате овој полнач за само 49 долари, а ако сакате да купите дополнителни конектори, тие чинат по 3 долари. Погледнете го видеото за да видите дали тоа е она што одамна го чекавте.