Почетна » Љубов » Раскинувањe » Прости ми, но ова е крај!

Прости ми, но ова е крај!

Раскинувањe

Знаете како се случуваат работите. Запознавате некој кој мислите дека е идеален за вас, потоа вашата љубов се преобразува во нешто што ви пречи, за на крај да го почнете да го мразите.

Прекинувањето на врска е болно, но потоа ќе се чувствувате полесно. Не постои лесен и едноставен начин да се стави крај, но еве неколку совети како да стигнете до тоа.

Пред да кажете што било добро размислете за позитивните и негативните работи во врската.

Запишете пет квалитети на вашиот партнер кој ве намамија да се вљубите во него.

Напишете најмалку две работи кои ве прават и двајцата среќни.

Размислете доколку тој би раскинувал со вас, кои зборови би сакале да ги слушнете. Можете да го започнете разговорот со позитивните работи како на пример : „Ние двајца имавме многу убави заеднички моменти.“

Потенцирајте дека нешто не функционира помеѓу вас.

Објаснете дека сакате да продолжите понатаму.

Внимателно ислушајте ја реакцијата на другата личност.

Признајте колку ви е тешко да ставите крај, но дека е неопходно.

Бидете цврсти во одлуката, и објаснете дека ништо што тој би го направил за да се промени, нема да ја спаси вашата врска.

Размислете како би одговориле доколку партнерот ви побара втора шанса.

Доколку се согласите сепак да ја продолжите врската, не бидете ограничени во очекувањата од неа.

Бидете искрени. Кажете како се чувствувате, но и зборувајте за квалитетите на партнерот.

Одлучете како ќе одговорите доколку партнерот ве праша дали постои некој друг во вашиот живот.

Треба да знаете дека доколку навистина постои некој друг во вашиот живот, колку подолго го криете и негирате тоа, како поминува повеќе време ќе ви биде потешко да ставите крај на врската.

Откако ќе го завршите разговорот, поздравете се и… Продолжете понатаму.