Почетна » Сештоманија » Интернет » Проект Њујорк 2019: „Големото јаболко“ станува „огромен хот-спот“

Проект Њујорк 2019: „Големото јаболко“ станува „огромен хот-спот“

Интернет

Градските татковци на Њујрок во 2014 година го објавија проектот за кој си дадоа рок од пет години за реализација, период во кој ќе обноват 4.500 телефонски говорници и ќе ги претворат во интернет „хот-спот“.

Вака преуредените места ќе имаат бесплатен јавен интернет за секого, вграден таблет со андроид оперативен систем на кој ќе може да се пребаруваат мапи, градски услуги, но и класично Интернет пребарување. Преку телефонска тастатура и програмата Vonage ќе бидат овозможени бесплатни национални разговори. На самиот уред ќе има директно копче за повикување на помош „911“, како и можност за логирање на Скајп. Дополнително, новоконструираните апарати ќе нудат и бесплатно полнење преку УСБ порт.

Првите уреди се поставени минатава седмица на Третата авенија во деловниот кварт Менхетен, а воедно немаат временско ограничување за користење, ниту реклами. Заради зачувување на приватноста уредите ќе ги бришат податоците по крајот на секоја сесија, односно при „тајм-аут“ по 60 секунди неактивност.

 

NYC Is Giving Free Internet Access To EveryoneNo one uses payphones anymore, so they are being turned into wifi hotspots

Posted by NowThis on Saturday, February 20, 2016