Почетна » Нега » Здравје » Природни освежувачи за пријатен здив

Природни освежувачи за пријатен здив

Здравје

Сигурно дека секојдневното одржување на хигиената во усната шуплина има најважна улога, но понекогаш неубавата миризба останува. Разните гуми за џвакање и препарати за плакнење на устата не се единствениот начин за да го освежите здивот.

Еве неколку природни освежувачи кои ќе ви помогнат со вашиот проблем.

Цимет

Промешајте една лажица цимет во чаша топла вода и исплакнете ја устата. Освен тоа што ќе ви помогне со непријатниот здив, циметот ќе ги намали бактериите во вашата уста до 50%.

Целер

Оваа намирница исто како јаболкото и морковот содржи голем број на растителни влакна, а тие ја поттикнуваат плунката во устата која ја спречува непријатната миризба.

Ц витамин

Витаминот може да спречи разни болести но го спречува и лошиот здив. Доколку конзумирате мандарини, портокали, пиете лимонада и слично, вашиот здив ќе биде попријатен.

Црн чај

Овој чај содржи полифенол, силен антиоксиданс кој го намалува ризикот од бактерии во усната шуплина. Црниот чај е одличен за чистење на забните наслаги, кои можат да биде предизвикувачи на непријатниот мирис во усната шуплина.