Почетна » Нега » Здравје » Природни елиминатори на стрес со моментно дејство

Природни елиминатори на стрес со моментно дејство

Здравје

Сите се соочуваме со стресот, од секојдневните животни предизвици до најмали работи со кои во некогаш се чини како да не можеме да излеземе на крај. Стресот е болест на модерното време, а симптомите можат да бидат различни, од проблеми со спиењето до раздразливост.

Стресот е исто така и главен предизвикувач на многу болести, како што се опаѓањето на косата, депресија, висок крвен притисок, главоболки, драстични промени на тежината. Затоа, следниот пат кога ќе имате некој симптом или кога ќе осетите дека сте под стрес, пробајте некој од овие природни лекови.

Лаванда – Ако имате пролем со спиењето, можете во спалната да испрскате малку масло од лаванда, да си намачкате под носот, или само да го мириснете неколку пати. Според истражувањата, лавандата ја ублажува анксиозноста, ги смирува умот и телото, па така се опуштате и полесно заспивате.

Камилица – Чајот од камилица докажано ги опушта мускулите (но и нервите) пред спиење. Оваа билка е одамна позната заради своите седативни својства, но и како намирница за подобар имунитет.

Црно чоколадо – Истражувањата покажале дека со конзумирање на само 30 грама црно чоколадо се намалува нивото на кортизол – хормонот на стрес и анксиозност во организмот и на тој начин спречува и други долгорочни заболувања.

Кантарион – Докажано е дека оваа билка го поправа расположението и однесувањето кај лицата со блага депресија. Неа ја има насекаде и со векови се користела како природен антидепресив, без оглед дали ќе се напиете чај или ќе мирисате етерично масло од кантарион.

Секако, за да го избегнете ризикот од потенцијални алергиски реакции или предозирање, претходно консултирајте се со вашиот лекар.