Почетна » Џет сет » Ројал » Принцот Хари заљубен во грчко-данска принцеза?

Принцот Хари заљубен во грчко-данска принцеза?

Ројал

Британскиот печат деновиве е преплавен со слики од наводната љубов на принцот Хари, принцезата Марија-Олимпија. Хари, кој е четврт по ред наследник на тронот и грчко-данската принцеза се вели дека почнале да излегуваат откако ги запознала принцезата Беатрис, братучетка на Хари.

marijaolimpija

Симпатичната 19-годишна претставничка на кралското семејство, која магазинот „Татлер“ ја прогласи за „Најпожелна девојка на светот“ во 2014 година и 31-годишниот принц наводно планираат да одат заедно на скијање пред католичките велигденските празници. Печатот се повикува на извори блиски до палатата, кои тврдат дека Хари е до уши заљубен во Марија-Олимпија, па дури и дека таа им се допаднала и на Вилијам и Кејт најмногу од сите досегашни девојки на Хари.

Од друга страна, извор близок до принцот Хари ја негира романсата, заради наводната роднинска поврзаност на Хари и Марија-Олимпија, затоа што и двајцата се далечни потомци на кралицата Викторија.