Почетна » Марс » Подароци за него » Приказната што сакате да ја слушнете, а потоа и да ја видите

Приказната што сакате да ја слушнете, а потоа и да ја видите

Подароци за него

Ако некој во денешно време ви понуди фотографски апарат кој нема оптички зум и има само 128 мегабајти внатрешна меморија, голема е веројатноста да помислите дека сака да ви подметне некој „олдтајмер“ од дигиталните овековекувачи на спомени.

Но, приказната е сосема поинаква. Станува збор за направа што снима видео во целосна висока дефиниција (Full HD), направено е да биде водоотпорно (длабочина до пет метри) и отпорно на удар (до 1,5 метри). Во нашето пребарување ние се фокусиравме на Тошиба, поточно моделот Camileo BW20, иако на пазарот има и други играчки кои се нудат во сличен контекст, или можеби како преносна веб камера. Според текстовите на оние кои имале можност да си поиграат со ваквите апаратчиња, тие се идеални за на плажа или пак можеби за некоја кафанска забава, каде што не би сакале да го оштетите својот скап телефон. Батерија се напојува преку електричната мрежа, а капацитетот е доволен за 80 минути снимање. Во пакетот со него доаѓаат и врвка за на рака и за околу врат, па дури и своевиден „статив“, со цел да имате автономија при она што го правите, а притоа да се овозможи уредот да може да ги снима важите доживувања.

Цените на Интернет се движат околу 100 евра, но сметајте дека мора да набавите и микроСД картичка, бидејќи внатрешната меморија е доволна само ако ја користите за слики, никако за видео. Како и повеќето „гаџети“, и овој го ставаме во рубриката идеи за подароци на машка личност, само затоа што веруваме дека тие имаат поголема страст за нуркање, наспроти дамите кои баш и не се одушевени да ја воденат косата секој ден, или да го монтираат видеото потоа. Претходната генерација на овој производ со кодно има BW10, беше промовирана со рекламниот спот што е во продолжение.