Почетна » Дива » Култура » Препорака за читање: „Крвава уметност“

Препорака за читање: „Крвава уметност“

Култура

Иако дебитира со својот прв роман, авторот Срѓан Ивановиќ одамна е во светот на буквите како новинар и публицист. Ова дело беше промовирано на крајот од минатата година како прва македонска „крими-новела“.

Фикциски роман базиран на македонското секојдневие, каде ликовите на почетокот од дејствието прво се борат за вистината, а потоа за своите животи. Приказна за подземјето, сивата реалност, љубовта и омразата, исполената со мрачни тајни и болни вистини.

Кога еден реномиран новинар сосема случајно ќе реши да истражи едно бизарно убивство мистеријата ќе почне да се отплеткува, а тоа е само увертира во сплет на неверојатни случки, кои на виделина ќе изнесат сијасет од шокантни откритија. Крвава уметност е крими роман каде ликовите и настаните се измислени, но и покрај тоа сторијата делува проклето точно и вистинито.

Книгата е во издание на „Манускрипт“, а освен во подобро снабдените продавници може да се купи и преку Интернет, од веб страната „Купи книга“.