Почетна » Марс » Подароци за него » Преносен соларен полнач

Преносен соларен полнач

Подароци за него

На сите ни е познато дека мажите „одлепуваат“ по некои играчки, најчесто во форма на електронски апарати кои се последен збор на техниката.

Заедничка основа на сите тие „гаџети“ им е дека работат на батерија, без оглед дали станува за мобилен телефон, таблет компјутер или фото-апарат. Би било напорно кога би требало да ги влечка со себе постојано сите полначи за тие уреди, па еден ваков универзален полнач кој што се напојува со соларна енергија би можел да биде прекрасна замена за сите нив. Соларниот полнач може да акумулира до 2.000 мили-ампер часови во својата батерија, но веќе на пазарот се најавени и нови модели со поголем капацитет.

Уредот е прилагодлив кон излезната волтажа, што е важно за да може со него да се напојуваат различни апарати кои енергијата ја примаат со различен напон (5/5,5/9,5 волти). Енергијата зачувана во него може да трае и до шест месеци! Ако им веруваме на искуствата на корисниците, фотоволтаичната ќелија вградена во соларниот полнач може да опслужи и преносен компјутер (лап топ), што ја прави задолжителен додаток во багажот при секое патување. Ако помислиме дека ова дополнително придонесува за заштеда на енергија и намалување на штетните гасови во атмосферата, аргументите за поседување на оваа алатка едноставно ве оставаат без можност за наоѓање маана.

Соларниот полнач доаѓа во пакет со седум различни типови на приклучоци, плус УСБ порт како извор за напојување на други уреди преку него, при што производителот гарантира коматибилност со производите на Самсунг, Епл, Нокиа, Сони и Нинтендо, или 99,9% од производите за кои е предвиден да ги опслужи. Нас не убеди самата идеја, но производителите подготвиле и промотивно видео, па доколку сакате да дознаете уште повеќе, побарајте ги деталите во него. Овој производ е брендиран како „Solar Boost“, а на Интернет се продава за цена од триесетина евра, па доколку сакате да истражувате, можете да споредите и слични производи од други производители.