Почетна » Рецепти » Зимница » Праски со рум

Праски со рум

Зимница

За следната зима, ви предлагаме да приготвите еден поинаков компот по стар, можеби малку подзаборавен рецепт.

Кој сака праски и во лето и во зима, ова е начин како да ги има 🙂

Потребни состојки:

2,5 кг праски

1 кг шеќер

3/4 л вода

1 лажичка конзерванс

50 мл рум

Купете поцврсти праски, измијте ги и излупете ги. Нив оставете ги да се исцедат, а вие пригответе го сирупот. Во лонец сипете ги шеќерот и водата, па ставете ги на оган додека провријат. Во сирупот додајте лажичка конзерванс, а на крај додајте го и румот и убаво измешајте. Праските, претходно наредени во мали тегли прелијте ги со врелиот сируп. Теглите добро затворете ги и чувајте ги на ладно место со другата зимница.