Почетна » Рецепти » Главни јадења » Потпечени карфиол и брокула со пармезан

Потпечени карфиол и брокула со пармезан

Главни јадења

Иако се познати како едни од најздравите продукти, брокулата и карфиолот немаат особена популарност меѓу луѓето.

Сепак, кога се потпечени во тавче со додаток на павлака за готвење и сирење, може да ви послужи како едноставна и вкусна варијанта на ручек без месо, предјадење или лесна вечера.

Состојки:

1 помал карфиол (околу 0,5 до 0,6 кг.)

1 помала брокула (околу 0,5 до 0,6 кг.)

2 лажици кисела павлака

150-200 грама сирење

250 милилитри павлака за готвење

2 јајца

2-3 лажици рендан пармезан

и сол.

Подготовка:

Брокулата и карфиолот добро измијте ги и обарете ги на пареа за да им останат витамините, па малку посолете ги. Во сад за матење измешајте ги јајцата, сирењето, павлаката за готвење и киселата павлака.

Обарениот зелечук наредете го на намастена тава за печење и потоа одгоре прелијте го со изматената смеса. На крај посипете го со пармезан, покријте го со фолија и печете го на 180 степени 30-тина минути или додека не добие убава златна боја. Уживајте со семејството во овој вкусен оброк, после кој никој нема да смее да каже дека не јаде брокула 🙂