Почетна » Рецепти » Посна храна » Посни „рафаело“ топчиња

Посни „рафаело“ топчиња

Посна храна

Овие слатки топчиња секогаш се добро решение за гости и домашни, зашто лесно се приготвуваат, а уште полесно се јадат 🙂 па дури и ако се во посна варијанта.

Потребни состојки:

250 мл вода

3 лажици шеќер

3 лажици густин

125 грама маргарин

125 грама шеќер во прав

250 грама кокос (и уште 100 за да ги посипете со него)

100 грама лешници за во средината.

Густинот се разматува со малку вода. Другиот дел од водата се става да проврие со шеќерот, па внимателно со мешање се додава смесата со густинот за да не се згрутчи. Се остава да се излади, па му се додава маргаринот кој претходно сте го изматиле со шеќерот во прав. Убаво се измешува и му се додава 250 грама кокос.

Од добиената смеса се прават топчиња, на средина им се става по еден од претходно малку потпечените лешници и на крај се валкаат во останатиот кокос. Се ставаат во хартиени кошнички за слатки, па во фрижидер малку  за да се стврднат. Уживајте!