Почетна » Рецепти » Посна храна » Посна салата со туна и ориз

Посна салата со туна и ориз

Посна храна

За домашни или гости, еве една салата, со посебен балкански шмек, црвена кисела пиперка и ѕирнете уште што друго. Ако е посно, не значи дека не може да биде и многу вкусно. Пробајте и уверете се.

Потребни состојки:

1 шолја (од 250 мл) ориз

1 конзерва туна

неколку кисели краставички

1 црвена кисела пиперка

зелени маслинки за сервирање

Се обарува оризот, па се мие. Потоа се додава туната заедно со маслото од конзервата. Се ставаат и исецканите краставички и киселата црвена пиперка исецкана на ленти. Состојките убаво се мешаат и салатата е готова. Изладете ја, па потоа сервирајте ја со зелени маслинки.