Почетна » Рецепти » Посна храна » Посна руска салата со ослич

Посна руска салата со ослич

Посна храна

Кој не може без руска салата за Нова година, а решил да пости, не мора од таа идеја да се прости 🙂

Во овој рецепт е употребен посен мајонез, но ако не го сакате, можете да го замените со масло, како што е опишано подолу.

Потребни состојки:

1 кг ослич

1 кг моркови

1 кг компири

2 тегли кисели краставички

300-400 грама грашок

800 грама посен мајонез

1 мала чашка сенф – околу 100 грама

Ги вариме рибата, морковите, компирите и грашокот, па потоа го чистиме осличот од коски, а морковите, компирите и краставичките ги сецкаме на коцки.

Може и воопшто да не се користи мајонез, туку осличот да се мати со миксер и полека да се дотура масло, па така да се направи мајонез.