Почетна » Рецепти » Посна храна » Посна бисквит торта со јаболка

Посна бисквит торта со јаболка

Посна храна

Едноставно морате да го пробате овој сочен и свеж десерт, кој со задоволство го јадат и тие што не постат.

 Потребни состојки:

1 пакување посни бисквити (400-500 грама)

1 килограм јаболка

2 пудинзи од ванила

1 ќесичка цимет

350 грама шеќер (можете да користите и кафеав шеќер)

2 пакувања посна хопла (кој сака да мрси, може да направи кремаст шлаг)

0,6 литри вода

Постапка: 

Се вари водата со шеќерот и циметот, отприлика 25 минути за да се добие густо-течен шербет.

Двата пудинга се раствораат со ладна вода, во нив се додаваат крупно ренданите јаболка, па потоа заедно се сипуваат во шербетот додека филот не згусне да може да се мачка.

Во сад за торта се реди: ред бисквити, ред фил, и тоа додека е уште топол, а одгоре по желба се украсува со шлаг/хопла, а може и со јатки од орев. Потоа само ладете и јадете 🙂