Почетна » Рецепти » Посна храна » Посен колач со морков и портокал

Посен колач со морков и портокал

Посна храна

Ако случајно се прашувате што бара морковот како состојка во овој колач, сетете се дека заради неговиот неутрален вкус и сочна природа, тој е дел од рецептурата за најголемиот број здраво сокови кои се подготвуваат.

Поради тоа, и ние сме убедени дека овој сочен и вкусен посен колач со својот изглед и арома ќе ги задоволи и најпребирливите.

Состојки:

2 шолји брашно

1,5 шолји изрендан морков

2 лажички цимет

1 портокал

7 лажички шеќер

половина шолја масло

1 прашок за пециво

рака ореви (или други јаткасти плодови по ваш избор)

За преливот:

2 лажички какао

малку масло

малку соино/оризово млеко

2 лажички шеќер

Подготовка:

Изрендајте ги морковите најситно што можете, а во нив изрендајте ја и кората од еден добро измиен портокал. Исцедете го сокот од портокалот, па измешајте го со маслото и шеќерот.

Во друг сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво и циметот, па додајте ги и ситно исечканите ореви. Во оваа сува мешавина додајте го сокот од портокалот, па потоа полека додавајте ги и и изренданите моркови. По потреба додадете малку соино/оризово млеко. Смесата ставете ја во претходно намастена тава за печење и ставете ја во претходно загреана рерна да се пече 40 минути на 180 степени.

За преливот, сите состојки измешајте ги и ставете ги на рингла на максимална температура, со постојано мешање, додека смесата не се згусне. Потоа прелијте го испечениот колач и ставете го да се лади во фрижидер. Послужете го за неколку часа или уште подобро следниот ден, кога сите вкусови ќе бидат упиени и измешани едни со други. Уживајте.