Почетна » Сештоманија » Феномени » Џеки Чен од стапчиња за јадење, Адел од стопени свеќи (видео)

Џеки Чен од стапчиња за јадење, Адел од стопени свеќи (видео)

Феномени

Хонг Ји е млад архитект, која создава уметност од невообичаени, а сепак секојдневни работи. Откако станува магистер по архитектура во Сиднеј, оваа млада девојка се сели во Шангај, дом на нејзините татко и дедо и во хаотичниот шарм на овој мегалополис наоѓа инспирација за своите чудесни уметнички дела.

Таа користи материјали како морска трева, суви каранфили, целер, стапчиња, и со овие проекти алудира на глобализацијата и масовното производство во Кина и Азија.

Погледнете како го создава портретот на Џеки Чен од 64.000 стапчиња за јадење.

А вака изгледа Адел во изведба на Хонг Ји од свеќи кои се топат.