Почетна » Семејство » Бременост » Породувањето е потешко од трчање маратон

Породувањето е потешко од трчање маратон

Бременост

Ако сте мислеле дека заздравувањето по породување е тешко, еве зошто е така. Според научниците од универзитетот Мичиген, раѓањето е „најтрауматичниот настан кој може да го доживее човечкото тело“, потрауматичен дури и од спортовите за кои e потребна голема издржливост, како трчањето маратон.

Истражувачите употребиле уред со магнетна резонанца кој обично се употребува за дијагностицирање спортски повреди, за да го истражат целосниот опсег на траума кој го претрпува женското тело за време на породувањето. МР сликите покажале дека речиси 25 насто од жените имале течност во срамните коски или скршеници кои се слични на скршениците од стрес кои ги имаат спортистите. И дури 41 насто од жените имале истегнати мускули на карлицата.

Студијата исто така открила дека запрепастувачки 15 насто од жените никогаш не заздравуваат во целост од повредите на карлицата настанати при вагиналното породување. Според Џенис Милер, професор на постпородилниот оддел, заклучокот е дека не треба да се применува ист пристап за сите, и да им се вели на жените дека ќе бидат добро по 6 недели, зашто на некои им требаат дури 8 месеци за целосно да заздрават. Мајките, пак, не треба да се форсираат да тргнат порано на работа, а особено доколку имаат некакви симптоми по породувањето, треба навреме да побараат помош од специјалист.

И после кажете дека мајките не се навистина чудесни суштества, поиздржливи од маратонците.