Почетна » Нега » Здравје » Половина од жените страдаат од болки во гениталиите, а причини има многу

Половина од жените страдаат од болки во гениталиите, а причини има многу

ЗдравјеСекс

Болките во гениталиите при водењето љубов се симптоматични за жените во зрели години, но има случаи кога тоа не е само поради возраста.

Идентично како што кај мажите повремените проблеми со ерекцијата се сметаат за дисфункционално пореметување, така и кај припадничките на понежниот пол постои „диспареунија“. Тоа е често функционално пореметување кое е типично за жените во зрело доба, но зависно од причината може да биде привремено или долготрајно. Болката во пределот на полните органи може да биде и од емоционална, но и од ментална природа, а во поретки случаи и како последици од епизотомијата по породувањето. Меѓу факторите кои можат да влијаат се и ригиден химен, сексуално преносливи инфекции кои се должат на бактериски воспаленија (Трихоминас, Кандида), уринарна инфекција, па дури и алергија на козметичките средства или влошките.

Во периодот на менопаузата се јавува и промена во насока на намалена влажност, но исто така мора да се биде искрен и да му се олесни работата на специјалистот доколку станува збор за одбивност од сексуални односи со актуелниот партнер. Дијагностиката е комплексна, а поради големиот број можни причинители и отежната. Лечењето може да биде долготрајно. Бидејќи ќе мора да се испитаат сите инфекции, но и да се третираат евентуалните физички фактори со помош на гелови, лубриканти или хормони.