Почетна » Нега » Фитнес » „Polleo Sport“ отвори продавница во Скопје

„Polleo Sport“ отвори продавница во Скопје

Фитнес

Регионалниот лидер во индустријата за спортска исхрана и опрема, „Polleo Sport“ на своите полици во првата македонска продавница од овој трговски синџир донесе био и здрава храна, витамини, минерали, суплементи, фитнес опрема, облека и обувки.

На промоцијата се појавија македонските амбасадори на овој бренд, меѓу кои Дејан Манасков од спортистите и Елена Ристевска од естрадните лица. На промоцијата беа понудени светски познатите брендови како што се „Under Armour“, „Optimum Nutrition“, „My Protein“, „Scitec Nutrition“, „Naturya“, „Garmin“, „Atleticore“, „Everlast“, „Bad Boy“, „Bad Girl“, „QNT“, „BSN“, „MVP“, „My Nutrition“, „TRX“, „Kineta“, „Zoe Leggings“, и многу други, по намалени цени. Исто така можеа да дегустираат некои од најпопуланите производи од палетата на здрава храна и додатоци во исхраната.

– Среќни сме што наидовме на интерес и поддршка од толку многу луѓе кои денес дојдоа да го прослават овој ден со нас. Благодарни сме им на сите кои одлучија да нѝ се приклучат во промовирањето на здрав и спортски стил на живот, бидејќи сега заедно како вистински тим ќе можеме да се избориме против лошите навики. Се надеваме дека од денес па натаму бројот на нашите пријатели ќе расте и дека сите добро ќе се забавуваме додека ги поместуваме границите во борбата за поквалитетен живот,- велат од компанијата.

„Polleo Sport“ е еден од најголемите ланци на специјализирани продавници за спортска опрема и здрава исхрана во регионот. Долгорочните планови на компанијата вклучуваат отворање на повеќе од 10 продажни центри низ Македонија до 2018 година, а втората продавница веќе е во подготовка за отворањето кое според планот треба да се случи следниот месец.

Компанијата е носител на престижниот сертификат за квалитет Superbrands, како и на Green Superbrands ознаката за бренд со високо развиена еколошка свест и одговорност.

Polleo_Sport_prodavnica_vnatre