Почетна » Дива » Актуелно » Полицаец од Тексас спаси живот на тригодишно дете со прва помош

Полицаец од Тексас спаси живот на тригодишно дете со прва помош

Актуелно

Полицаец од Тексас неодамна беше одликуван од градските власти затоа што со давање прва помош спаси живот на тригодишно дете, во драматичен момент кој беше снимен со видео камерата од полициското возило.

Полицаецот на должност одговорил на повик за итните служби во ресторан за брза храна, за дете кое не дише. По неколку минути пристигнало полициското возило и полицаецот веднаш почнал да му дава прва помош на момченцето, кое престанало да дише како резултат на висока температура од настинка. Мајката, менаџер во ресторанот за брза храна, таа вечер го повикала и таткото да помогне во ресторанот како готвач, а тој со себе го зел синчето, кое било настинато и со температура. Иако му биле дадени лекови за температурата, детето во еден момент омалаксало, па мајката веднаш побарала помош од итните служби. Полицаецот му дал вештачко дишење и по две минути масажа, детето се вратило во живот.

Момчето е сега добро и со своето семејство, благодарение на брзата реакција на полицаецот, на кого градските власти му ја доделија наградата за спасување живот. Мајката на момчето му се заблагодари на полицаецот, со зборовите дека тој им го дал светот, затоа што ним синчето им е цел свет и цел живот.